Електронски водич
Дигитални уреди кои се лесни, трајни и едноставни за користење од страна на посетителите во паркот. Наменети се за индивидуална употреба со соодветни слушалки. Користат аудио водич систем со мануелна селекција на снимениот материјал. Корисникот самиот одлучува на кој јазик ќе ги слуша информациите, односно за кој експонат (според бројот поставен на него). Дополнително, уредите можат да се користат и на било кое место во паркот за кое ќе има снимена информација.
Уредите користат соодветна батерија за повеќекратна употреба со посебен адаптер за полнење.
Начин на користење:
• прво се вклучуваат слушалките во соодветниот конектор на горниот дел од уредот
• уредот се вклучува преку копче што се наоѓа на десната страна во долниот дел
• потоа на екранот се појавува информација за одбраниот јазик, редниот број на фајлот што се слуша, состојбата на батеријата, нивото на звук, и преостанатото време за слушање
• со помош на копчето SET се бира јазикот на кој сакаме да ги слушаме информациите
• со копчето Play се вклучува / исклучува одбраниот аудио фајл
• со копчињата Forward / Backward може да се прави избор на аудио фајл
• избор, исто така, може да се прави и со внесување на соодветен број на аудио фајл
Напомена!
На секоја локација на видливо место истакната е листа на аудио фајлови со краток опис на нивната содржина. Броевите на аудио фајловите се идентични за сите јазици.
• со копчињата VOL+ и VOL- се одредува нивото на звук во слушалките