Skip to content

Двогледи

На две локации во паркот (мапа – линк) поставени се двогледи со кои може да се набљудува околината.
Куќиштето на двогледите е изработено од специјална легура на алуминиум, а во внатрешноста од не-‘рѓосувачки челик, со што се заштитени од топлина, замрзнување, дожд, снег, прашина и други временски влијанија. Поради ваквата изработка, неколку години нема да има потреба од посебни зафати за нивно одржување.
Двогледите максимално се отпорни на вандалско однесување, а како дополнителна опција е можноста нивното користење да се наплаќа, за што тие ја имаат целата потребна опрема.
Дизајнот на двогледите е ергономски со што се овозможува нивно користење од страна на лица од сите возрасти и физички предиспозиции.
Со помош на посебна оптичка призма и автоматски фокус опцијата, со овие двогледи може да се гледаат и објекти кои со голо око не можат дури и да се приметат.

Previous
Next

Карактеристики на двогледите