Skip to content

Уреди за следење

Овие уреди се наменети за поединци или групи на посетители кои сакаат да го истражуваат паркот во секој негов дел, посебно во оние каде нема уредени патеки, нема покривање со сигнал од мобилна телефонија и кои многу ретко се цел на други посетители
Spot Gen3 уредот служи за комуникација во критични и ситуации кога нечиј живот е загрозен кога на располагање немате пристап до мобилна телефонија.

Моделот што ви е на располагање овозможува вашето семејство и пријателите да знаат дека сте добро, односно во случај на несреќа или друга потреба, да им испратите информација со вашите GPS координати – и тоа само со притискање на копче. Уредот е цврст, отпорен на удари и паѓање, со мали димензии и секогаш е поврзан со сателити.

gpsnpp2

Начин на работа

1. GPS сателитите праќаат сигнал
2. врз основа на тие сигнали SPOT уредот ја утврдува вашата локација и испраќа претходно програмирана порака до сателит за комуникација
3. сателитот за комуникација ја проследува таа порака до некој сателитски приемник низ светот
4. тој приемник преку глобалната мрежа ја испраќа пораката на апликација
5. апликацијата ја проследува пораката според претходно внесените инструкции на мејл или како SMS, а доколку се работи за порака за помош и до GEOS International Emergency Response Coordination Center.
Дополнително, во мејл пораката може да има и линк на кој ќе се прикаже вашата локација со користење на Google MapsTM.
Комплетно упатство за користење на овој уред може да најдете на следниот линк (до фајлот наведен погоре).

Важна напомена!

Важна напомена за корисниците на овие уреди е дека одредено ниво на видливост кон небото е неопходна за нивно правилно функционирање. Ова значи дека тие не работат под земја, во клисура каде има многу мал агол на гледање на небото, под засолништа, во затворен простор. Уредите може да се користат на отворен простор и што е можно на повисоко место (во случај на таков терен). Добра страна на овие уреди е што нивното користење не зависи дали на небото има облаци, дали е ветровито или врне, освен во случај на силно невреме со блиски грмотевици и слично.