Skip to content

Wi-Fi Точки

На неколку места во паркот поставени се уреди кои овозможуваат активирање на оваа апликација и Интернет пристап преку Wi-Fi конекција. Пристапот е целосно бесплатен, но ограничен од аспект на користење во вонредни ситуации.
Столбовите со опремата се поставени на локации каде нема GSM покривање, односно било каква друга можност за комуникација. Мапата со локациите на овие уреди може да се види на следниот линк.
Секој столб е опремен со сопствено напојување со електрична енергија што може да обезбеди неколкудневно негово функционирање и во случај кога времето не е сончево.
На столбовите има камери кои ја прикажуваат нивната околина, така што во случај на опасност може и преку неа да се оствари контакт со одговорните лица во паркот.
Пристапот до Wi-Fi мрежата е без корисничко име и лозинка, а со тоа и до Интернет, а за пристап до апликацијата npp.mk потребно е да се внесе кодот кој е обележен на секој столб.

Локации

Click Here
Previous
Next