Услуги за посетители
Овие уреди се наменети за поединци или групи на посетители кои сакаат да го истражуваат паркот во секој негов дел, посебно во оние каде нема уредени патеки, нема покривање со сигнал од мобилна телефонија и кои многу ретко се цел на други посетители.
Spot Gen3 уредот служи за комуникација во критични и ситуации кога нечиј живот е загрозен кога на располагање немате пристап до мобилна телефонија. Моделот што ви е на располагање овозможува вашето семејство и пријателите да знаат дека сте добро, односно во случај на несреќа или друга потреба, да им испратите информација со вашите GPS координати – и тоа само со притискање на копче. Уредот е цврст, отпорен на удари и паѓање, со мали димензии и секогаш е поврзан со сателити.
Дигитални уреди кои се лесни, трајни и едноставни за користење од страна на посетителите во паркот. Наменети се за индивидуална употреба со соодветни слушалки. Користат аудио водич систем со мануелна селекција на снимениот материјал. Корисникот самиот одлучува на кој јазик ќе ги слуша информациите, односно за кој експонат (според бројот поставен на него). Дополнително, уредите можат да се користат и на било кое место во паркот за кое ќе има снимена информација.
Уредите користат соодветна батерија за повеќекратна употреба со посебен адаптер за полнење.
На неколку места во паркот поставени се уреди кои овозможуваат активирање на оваа апликација и Интернет пристап преку Wi-Fi конекција. Пристапот е целосно бесплатен, но ограничен од аспект на користење во вонредни ситуации.
Столбовите со опремата се поставени на локации каде нема GSM покривање, односно било каква друга можност за комуникација. Мапата со локациите на овие уреди може да се види на следниот линк.
Секој столб е опремен со сопствено напојување со електрична енергија што може да обезбеди неколкудневно негово функционирање и во случај кога времето не е сончево.
Во конференциската сала на Инфо центарот инсталирана е безжична опрема за симултан превод. Оваа опрема користи FS-FHSS технологија и други дигитални техники за комуникација со цел да спречи мешање на сигнали, да постигне широк аудио опсег и совршен квалитет на звук. Покрај тоа, со AES технологија за криптирање безжично пренесените податоци се заштитени од злонамерни упади. Моќноста на уредите е таква што комуникацијата е стабилна во целото предвидено растојание со радиус од 500 метри и тоа само со една преносна единица за осум канали. Опремата може едновремено да врши пренос на два различни јазици, а секој слушател може да одбере кој канал кога сака да го слуша.
На две локации во паркот (мапа – линк) поставени се двогледи со кои може да се набљудува околината.
Куќиштето на двогледите е изработено од специјална легура на алуминиум, а во внатрешноста од не-‘рѓосувачки челик, со што се заштитени од топлина, замрзнување, дожд, снег, прашина и други временски влијанија. Поради ваквата изработка, неколку години нема да има потреба од посебни зафати за нивно одржување.
Двогледите максимално се отпорни на вандалско однесување, а како дополнителна опција е можноста нивното користење да се наплаќа, за што тие ја имаат целата потребна опрема.